Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рама контра Дел Понте: Вели дека членови на ОВК не тргувале со органи

Рама контра Дел Понте: Вели дека членови на ОВК не тргувале со органи

Kaко што изјави албанскиот премиер Еди Рама обвинувањата на поранешната обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте, за злосторствата извршени од припадници на ОВК се лажни вести, пишува „Албанијан пост“.

Пред Парламентарното собрание на Советот на Европа (СЕ), Рама денеска ја критикуваше резолуцијата на СЕ од 2011 година за нелегална трговија со органи на луѓе киднапирани на Косово. 

„Ова обвинение се најде на насловните страници од Европа до Австралија и покрај тоа што обвинувањата во Косово беа категорично отфрлени. Најмистериозното прашање беше што го спречи моќниот обвинител да истражува понатаму“, рече Рама. 

Тој вели дека тврдењата на екс обвинителката Карла Дел Понте се засновани на сомнителни извори.

Тирана и Приштина и претходно ја обвинуваа Карла Дел Понте за овие наводи.  Тогаш тврдеа дека Дел Понте била тенденциозна. 

Слично

Поврзани вести