Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рама: Ќе побараме меѓународна помош за да дознаеме колку е длабока „црната дупка“ во буџетот

Рама: Ќе побараме меѓународна помош за да дознаеме колку е длабока „црната дупка“ во буџетот
Новоизбраниот албански премиер, Еди Рама, кој во септември треба да седне во премиерската фотелја, изјави дека албанската економија „ќе се поврати“, но прво ќе треба да се дознае колку длабока е „црната дупка“ оставена во буџетот од претходната Влада. За таа цел, како што соопшти тој, Албанија ќе побара меѓународна помош, пренесе агенцијата АНА-МПА. „Со голема прецизност и што е можно побрзо треба да дознаеме колку голема е оваа „дупка“ во буџетот предизвикана од катастрофалната економска и буџетска политика на кабинетот на Сали Бериша и затоа имаме потреба од продлабочена, објективна и независна анализа. Овој чекор ќе биде преземен веднаш откако новата влада ќе почне да ги извршува своите функции“ - напиша Рама на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.  
Слично

Поврзани вести