Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рама го нарече обвинителот на Хашкиот суд „меѓународен идиот“

Рама го нарече обвинителот на Хашкиот суд „меѓународен идиот“

Албанскиот премиер Еди Рама го нарече специјалниот обвинител на хашкиот суд Метју Холинг „меѓународен идиот“.

Рама сподели снимка од излагањето на обвинителот на хашкото судење на поранешниот лидер на ОВК Хашим Тачи, и на тројцата обвинети за воени злостворства на Косово и Албанија (1998-99) во кое се наведува дека Тачи се обидел да ја измами и меѓународната заедница.

„Тачи беше способен да го прикрие она што навистина се случувало, посебно (поранешниот лидер на ОВК) Хашим Тачи и (Весли) Кларк покажаа дека немале интерес да разберат што се случува „во стварноста“, рече вчера Хулинг.

За впечатоците на тие сведоци – кои утврдиле дека Тачи не бил воен командант на ОВК и дека не бил вмешан во злосторствата – обвинителот сугерираше дека се површни, со оглед на тоа дека не биле засновани на подлабоки сознанија за организацијата и дејствувањето на ОВК, туку на лични средби и разговори.

„Со тие искази не треба да им се дава никаква тежина“, им рече на судиите обвинителот Хулинг за речиси идентичните сведочења на Рубин, Клар и другите сведоци во одбраната на Тачи.

Обвинителството при Косовските специјализирани совети во Хаг побара по 45 години затвор за четворицата поранешни лидери на ОВК – Хашим Тачи, Кадри Вејсели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.

foto Facebook/Edi Rama

Слично

Поврзани вести