Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рама го критикува Курти поради неговиот став за „Отворен Балкан“

Рама го критикува Курти поради неговиот став за „Отворен Балкан“

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Њуз24“ изјави дека премиерот на Косово, Албин Курти, има негативен пристап во однос на иницијативата „Отворен Балкан“, којашто, како што наведе, ќе придонесе за решавање на проблемите меѓу Косово и Србија.

„Мислам дека пристапот на Косово, поточно на креаторите на политиките и носителите на одлуки во Косово, е длабоко различен. Тоа е нивно право, но од друга страна, убеден сум дека оваа иницијатива е неопходност, но и пристап за ослободување на многу затворени потенцијалите на овој регион и олеснување на дијалогот и конечното решавање на косовското прашање“, изјави Рама.

Тој додаде дека не сака да влегува во полемика со Курти, но дека неговиот пристап не го води Косово никаде.

Рама изрази уверување дека иницијативата „Отворен Балкан“ ќе опстане и дека ќе ѝ се приклучат и Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.

Слично

Поврзани вести