Рама ги повика младите Албанци да инвестираат на село наместо со чамци да одат во Британија
Не заминувајте, инвестирајте во село, ги имате сите можности во Албанија, вели албанскиот премиер Еди Рама.
Тој ги повика младите да не ги ризикуваат своите животи со заминување во Велика Британија илегално со моторни чамци.
„Денеска не е како вчера. Денес можностите се тука. Оние кои имаат земја на село е вистинска можност да создадат имот за да го претворат во можност и да заработат петпати повеќе отколку што можеш да заработиш таму работејќи за некој друг“, рече Рама.
Населението во Албанија старее, земјата се празни. Бројките покажуваат дека најмалку 12.000 албански граѓани годинава илегално влегле на територијата на Велика Британија.
foto Facebook
Слично
