Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рама ги повика Адеми и Сарачини да разговараат за „Луково Поле“

Рама ги повика Адеми и Сарачини да разговараат за „Луково Поле“
Албанскиот премиер Еди Рама ги повика кај себе на средба македонските министри за економија и за животна средина, Ваљон Сарачини и Абдулаким Адеми за да разговараат за ставовите околу реализацијата на проектот „Луково Поле“. Според официјална Тирана, средбата била иницирана по протестите што се одржаа во неколку албански градови против овој проект на ЕЛЕМ во близина на македонско-албанската граница. Во изминатите денови во Албанија се одржаа серија протести на граѓани загрижени за ефектите на овој проект врз животната средина, а Рама го демантираше неговиот претходник Сали Бериша дека меѓу Македонија и Албанија веќе бил потпишан меѓудржавен договор за реализација на овој проект. Македонскиот министер Адеми минатата недела во изјава за албанските медиуми најави дека министрите на ДУИ во македонската Влада ќе ја блокираат изградбата на хидроцентралата во националниот парк „Маврово“ доколку не добијат докази дека таа нема да ја загрози животната средина.  
Слично

Поврзани вести