Рама: Европската Унија се претвора во катедра на немоќни држави
Земја-членка на НАТО, Бугарија, среде војна, зема во заложништво две други земји-членки на НАТО, oбвини албанскиот премиер Еди Рама.
Тој ја критикуваше не само Бугарија, туку и Европската Унија.
„Зошто? За некои историски прашања. Европската Унија се претвора во катедра на немоќни држави“, изјави Рама, пренесуваат албанските медиуми.
Рече дека за време на пандемијата со коронавирусот, Европската Унија ги заборавила шесте земји од Западен Балкан. Наведе дека Кина, Русија и Турција се државите коишто спасиле животи на Западен Балкан. Рама додаде дека без помошта на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган немало да има вакцини во Албанија.
Рама досега повеќе пати ја критикуваше ЕУ и Бугарија.
Слично
