Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рама е разочаран и вели дека преговорите не се прашање на живот или смрт

Рама е разочаран и вели дека преговорите не се прашање на живот или смрт

Премиерот на Албанија, Еди Рама вели дека ја завршиле домашната задача за во Европската Унија (ЕУ), но не е прашање на живот или смрт. 

Тој во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“ покажува  разочарување. 

„Тоа е еден тежок момент“, објаснува Рама.
Кажа дека реформите ги направиле затоа што се потребни на Албанија, а сега Бугарија ќе реши за преговорите.  За тоа какви се односите на Албанија со Косово,  Македонија, Црна Гора и Србија, тој одговара дека никогаш не биле подобри.
„Никогаш не биле подобри, секако дека има проблеми како признавањето на Косово од Србија, но мислам дека можеме да изградиме заеднички пат. Потоа од нас зависи дали ќе успееме или ќе сакаме да паднеме во замките на минатото“, одговара Рама.
Рама вчера беше гостин на италијанскот премиер Марио Драги. Неизвесно е дали Македонија и Албанија до крајот на годината ќе ги почнат преговорите. 

Слично

Поврзани вести