Рама: Доста зборувавме за „планини” и искачување, сега да биде полесно
Aлбанскиот премиер Еди Рама е горд затоа што неговата земја почна преговори со Европската Унија(ЕУ).
„Доста зборувавме за „планини” и искачување. Ајде сега да биде полесно. Доволно беше тешко“, рече Рама.
Тој на албанскиот народ му се заблагодари на трпението, а на европските челници за поддршката.
Воедно, Рама зборуваше со остри тонови во Брисел по отворањето на преговорите и побара од Советот на Европа да му се извини на Косово за извештајот на Дик Марти, бидејќи, според него, тој бил изманипулиран, јави Топ чанел.
фото принтскрин
Слично
