Рама: Денес сме заложници на европскиот национализам и ова е тажно
Денес сме заложници на европскиот национализам, вели албанскиот премиер Еди Рама за проширувањето на ЕУ.
Изјави дека работите се сменија, но во погрешна насока. Рама изрази разочарување на конференцијата во Атина организирана од грчката влада и британското списание „Економист“, пренесува агенцијата „АП“.
„Некогаш ни велеа дека овој процес, процесот на интеграција, на пример, ќе го потисне балканскиот национализам насилно. Но, погодете што? Денес сме заложници на европскиот национализам. И ова е тажно. Многу е тажно“, рече Рама.
Македонија и Албанија не ги почнаа преговорите со ЕУ. Рама упати серија критики кон ЕУ.
Слично
