Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАМА ДЕЦИДЕН: Албанија не прифаќа бегалски кампови дур ни по цена за членство во ЕУ

РАМА ДЕЦИДЕН: Албанија не прифаќа бегалски кампови дур ни по цена за членство во ЕУ

Албанија отфрли секаков предлог за градење на центри за прифаќање мигранти на нејзина територија кои сакаат да стигнат до Европската унија. 

Ова е ставот на албанскиот премиер Еди Рама кажан во интервју за германскиот весник Билд. Албанија никогаш нема да прифати такви бегалски кампови од ЕУ, дури и во замена за членство во ЕУ, потенцирал Рама.

Според него, „властите во Тирана сакаат да помогнат во решавањето на овој европски проблем, но тие самите не можат да го направат тоа“. 

Одлуката на ЕУ да ги започне претпристапните разговори со Македонија и Албанија во јуни 2019 година е голем ден за двете страни, додаде Рама. Добивме тешка битка, но војната продолжува- кажал Рама. „Ова е голем ден за Албанија и Македонија, се разбира и за иднината на ЕУ. Благодарност до сите земји-членки на ЕУ и до Европската комисија за нивната поддршка“, потенцирал албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати.

Слично

Поврзани вести