Рама даде детали колку домови се поплавени и колку луѓе се згрижени
Поплави ја погодија Албанија, а премиерот Еди Рама вели дека се поплавени 590 куќи, додека 32 семејства се евакуирани. Станува збор за 139 луѓе од кои дел се сместени во интернати, а дел кај роднини.
Во северниот дел на Албанија, поплавени се 2.405 хектари земјиште. Обилните врнежи зафатија повеќе реони, а најкритична е состојбата во Скадарскиот крај каде исчезнаа две лица.
По 16-часовна потрага, денеска се пронајдени телата на татко и син, кои исчезнаа вчера откако нивниот автомобил го однесе водата. Не се поштедени ниту другите земји во регионот. Во Пријепоље во Србија, водостојот на реката Лим, која синоќа се излеа на три места, уште расте, а врвот на поплавниот бран се очекува дури вечерва.
Слично
