Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рама чул за Голема Србија, но не и за Голема Албанија

Рама чул за Голема Србија, но не и за Голема Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама вели дека „слушнал за Голема Србија и Голема Грција, но не и за Голема Албанија“.

Додава дека ако одите на Гугл, ќе најдете многу информации на српски, грчки, ама не и на албански јазик. 

Тој исто така рече дека начинот на кој се користи кога се толкува тоа е „многу стигматизирачки“ и дека и тој самиот бил „предмет на такви интерпретации“.

„Но, морам да ви кажам многу искрено – јас не гледам решение, јас реков дека ако Албанците се остават без јасна перспектива и надвор од природните патеки – да бидат дел од поголема Европа, а секако дека сакаме во ЕУ, бидејќи сакаме да бидеме заедно повеќе отколку денес, но ако ова избледе …“ – додаде тој.

Според него, она што Албанците го доживуваат се „повторени фрустрирачки ситуации“, наведувајќи го прашањето за притисокот за демаркација на границите и неодобрувањето на визната либерализација за Косово.

Слично

Поврзани вести