Рама: Благодарение на „Отворен Балкан“ преговараме со Србија за да ја добиеме пченицата
Зборувајќи уште еднаш за економските последици од војната во Украина, премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека со Србија се почнати преговори за извлекување на дел од пченицата што претходно ја договориле албанските бизнисмени.
Рама рече дека деблокирањето на оваа количина пченица од Србија може да дојде благодарение на иницијативата на „Отворен Балкан“.
„Преговараме со Србија да извлечеме дел од пченицата што е договорена од нашите тамошни бизнисмени. И тоа ќе го направиме благодарение на Отворениот Балкан. Ова се фактите“, рече Еди Рама.
Слично
