Рама бара разрешување на сите заменик-градоначалници: Ги гледам истрошени, разочарани, без инспирација
За време на состанокот со градоначалниците, премиерот на Албанија, Еди Рама побара да се преземат мерки за заменик-градоначалниците на општините во земјата, опишувајќи ги како немотивирани и истрошени во своите должности, пренесвува весникот Илинден.
„Време е сериозно да се преиспитаат управувачките структури. Заменик-градоначалниците, според мене, се многу уморни. Ги гледам истрошени, разочарани, без инспирација и без виталност. И тоа не е лично прашање, туку неопходност да се одржи ритамот и амбицијата живи во работата на општините. Не велам дека се неспособни, но јасно е дека дале она што имале да го дадат. Направете добро што ги заменувате и донесете нови лица, со свежа енергија, кои можат да дадат нов импулс на вашата работа“, вели Рама.
Тој ја нагласи потребата од длабоко освежување на раководните нивоа на општините, не само кај директорите, туку и кај заменик-градоначалниците, кои, според него, повеќе не ги исполнуваат обврските што им се доделени со енергија и ефикасност.
