Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рама: Албанија ќе ја отвори вратата за најмалку 3.000 Авганстанци

Рама: Албанија ќе ја отвори вратата за најмалку 3.000 Авганстанци

Oд ден на ден се менуваат и информациите за тоа колку бегалци ќе бидат примени кај западниот сосед. 

Албанија ќе ја отвори вратата за најмалку 3.000 Авганстанци, изјави албанскиот премиер Еди Рама за италијански „Фогли“ (Fogli). Весникот ја опишува одлуката како манифест на премиерот Рама против оние Европејци што тој ги дефинира како „хипокрити “ и „без спомени“.

„Ако Европа е дволична и кон Авганистан, тоа е затоа што не се сеќава на историјата. Ние зборуваме за околу три илјади луѓе, ако треба и повеќе“, вели Рама.

Рама одговара и на прашањето дали Европа и особено Италија треба да извлечат поука од Тирана.

„Но, јас велам дека чекањето бегалци е наша обврска. Се сеќавам на Милошевиќ, се сеќавам на војната, бегалците, смртта, тортурата. Ние некогаш бевме Авганистанци, за вас Италијанците. Споменот вклучува преземање одговорност“, одговорил Рама.

До крајот на неделава треба да пристигнат околу илјада Авганистанци. Првата група на аеродромот во Тирана требаше да слета завчера пред полноќ, па беше одложено за вчера попладне, но таа сè уште не е пристигната, поради состојбата на аеродромот во Кабул. Тие ќе бидат згрижени во студентскиот центар во Тирана. 

За Албанија прво беше кажано дека ќе прими 2.000 бегалци. Македонија ќе прими 450 бегалци. 

Слично

Поврзани вести