Рама: Албанија и Србија можат да се како Франција и Германија по војната
Албанија и Србија можат да го направат за Балканот она што Германија и Франција го направија за Европа. Ова го изјавил албанскиот премиер Еди Рама, јави RTV.
"Албанија сака зголемување на соработката со Србија, со која заедно ќе постигнат напредок на патот кон мирот и интеграцијата во ЕУ", рече тој во пресрет на посетата на српскиот колега Александар Вучиќ утре.
Рама истакна дека ова е прва посета на српски премиер во Албанија.
Претходно Вучиќ изјави за агенцијата Анадолија дека посетата му цели кон изградбата на добри односи и економски развој.
"Одам со желба да изградиме добри односи, како и да разговараме за работите кои сеуште не разделуваат", изјави Вучиќ.
Утре се предвидува средба меѓу двајцата премиери, по што тие ќе се сретнат со делегациите на двете земји. Се очекува Рама и Вучиќ да имаат едночасовна прес-конференција по разговорите.
