Раководството на Телма прогласи 12 новинари за технолошки вишок
Остри осуди и критики доби менаџментот на телевизија Телма откако се прошири информацијата дека раководството прогласило дванаесет професионални новинари за технолошки вишок.
Новинарите и синдикатот на телевизијата немаат образложение за оваа одлука бидејќи како што велат не добиле, но како што пренесува 24 вести во писменото известување било наведено дека тоа е заради намалување на трошоци.
Новинарите револтирани се огласуваат на социјалните мрежи и велат дека со оваа одлука му се задава последниот удар на професионалното новинарство.
Јулијана Лефковска Пешевска позната на јавноста по долгогодишното известување од Собранието, па и како водител на вестите на Телма со црвениот телефон, исто се најде на листата технолошки вишок.
Со оглед на тоа што на одлуката за откази нема ниту еден од новопримените, јасно е дека се чисти теренот од старите професионални кадри на Телма, која со таа екипа го стекна реномето на професионална, стабилна телевизија, во која се правеа едни од најгледаните вести, но убедливо со најголема доверба, вели за Плусинфо Емилија Лазаревска која исто така е дел од екипата прогласена за технолошки вишок.
