Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ракот на дебело црево „коси“-600 нови заболени годишно

Ракот на дебело црево „коси“-600 нови заболени годишно
Во пораст е бројот на луѓе со дијагностициран карцином на дебелото црево. Ако  пред 10 години, годишно биле откривани околу 350 до 400 пациенти, сега бројот се движи меѓу 500 и 600 новозаболени. Кај две третини од нив болеста е откриена во трет или четврти стадиум. Деканот на Медицинскиот факултет и абдоминален хирург, Никола Јанкуловски денеска ги соопшти овие информации, на почетокот на едукативната трибина за одбележување на светскиот месец за ракот на дебелото црево и гастроинтестиналните видови на рак, што се одржа во организација на Здружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден“. Директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Милан Ристевски кажа дека им требаат уште лекови од поновата генерација кои го менуваат преживувањето,  периодот до прогресија на болеста и овозможуваат подолготрајно преживување. Посочи дека пациентите сега се лекуваат со она што е достапно на позитивната листа. Во однос на таргетираната терапија, нагласи, дел од стратегијата е направен и треба да се имплементира стратегијата. „Постарите генерации на лекови ни од далеку не се така толку опсежно испитувани во однос на тоа што е таргетирано делување. Ако ги земеме иницијално неоперабилните колоректални карциноми при терапија со фолфокс односно капеокс едвај 5% доаѓаат во позиција на ресектибилност на таа метастатска болест на црниот дроб. Со новите терапии таа стапка се подигнува на 15 отсто, што е одличен императив“ - вели Ристевски. Претседателот на Зружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден“, Биба Додева вели дека треба да се имплементира скрининг програмата, бидејќи досега функционира само опортунистичкиот скрининг. „Она што се препораките според сите здравствени светски организации е дека имплементираниот скрининг може да спаси живот. Лобираме да се постават малигните заболувања како приоритет во здравствениот систем на Владата на Република Македонија“ - рече таа. Јованка Костовска од Министерството за здравство нагласи дека со скринингот  почнале кон крајот на 2012 година и досега околу 22.000 лица го направиле, над 7.000 биле позитивни, но со дополнителни тестови кај 198 лица е откриен или полип или карцином. Над 30 карциноми,  се веќе откриени со скринингот.  
Слично

Поврзани вести