Ракометарите на „Металург“ добија суспензии по брза пошта
Ракометниот клуб „Металург“ денеска им врачи суспензии на ракометарите кои се побунија и побараа итно решавање на ситуацијата во клубот. Суспензиите не им беа врачени лично, туку по брза пошта на кејот на Вардар, додека ракометарите се подготвувале за тренинг, објави порталот Спортмедиа.мк
Приемот на ковертот со суспензиите морал да го потпише капитенот Наумче Мојсовски. Со ова, ракометарите кои влегоа во конфликт со управата на клубот и официјално се суспендирани.
Во меѓувреме, клубот денеска објави дека најде нов голман. Петар Мисовски ќе биде замена за Станиќ, со што по трет пат се врати во овој клуб.
„Задоволен сум што и по третпат ќе го носам дресот на Металург и што можам да му помогнам на клубот со кој ме врзуваат само добри спомени. Се надевам дека наредната недела ќе истрчаме во Шпанија со најдобриот можен состав и дека ќе имаме успешен настап“, рече Мисовски.
Сопственикот на клубот Минчо Јорданов вчера изјави дека ракометарите направиле пуч и дека против нив ќе бидат поведени постапки.
Слично
