РАКОМЕТ ИЛИ БИЗНИС: Проблемите на челичниот Минчо Јорданов го стопија Металург?
Германскиот ракометен гигант Кил кој синоќа го декласираше македонскиот ракометен шампион Металург го отвори прашањето заминува ли и Металург во историјата? Се откажува ли еден од најбогатите македонци Минчо Јорданов од своето чедо кое го гаеше и растеше скоро една деценија? Синоќа, против Кил јасно се виде дека тоа не е истиот Металург од лани, иако на теренот беа скоро сите ракометари (освен Дарко Станиќ). Точно е, има моменти, кога едноставно на тимот не му оди, но вчера и тимот како да не сакаше да се испоти. Целокупната јавност синоќа виде дека ракометарите едноставно не сакаа да играат. Зошто? Едно е сигурно Металург се соочува со сериозни проблеми, иако дел од ракометарите веќе подолго време и јавно зборуваат дека не зеле плата неколку месеци. Ракометната јавност во земјава не се сеќава кога Металург на еден натпревар примил 42 голови, уште повеќе што нашиот шампион важи за екипа која прима многу малку голови. Што стои зад целата работа, дали клучни се проблемите на Макстил?
Каде плови бродот на Металург
Според информациите наводно следната недела ќе се знае точно судбината на Металург. Тоа го најави дури и Наумче Мојсовски на прес конференцијата по завршувањето на дуелот со Кил.
А што точно се случува со македонскиот ракометен шампион, барем засега никој не објаснува. Според најавите разврска се очекува следната недела. Но, очигледно е дека финансиите се најголемиот проблем во клубот. Тоа уште пред почетокот на сезоната го навести стратегот на металурзите Лино Червар.
Станиќ замина, неговото отсуство беше повеќе од забележително на дуелот со Кил. Атман, Вугринец до пред две недели ги немаше во составот, Мојсовски јавно проговори дека проблемите во клубот мора да се решат, Миркуловски исто така и порача на јавноста да се стрпи за резултати оваа сезона, клубот мора ги реши проблемите. Кога практично најголемите ѕвезди во тимот и практично костури на екипата ќе проговорат дека нешто не е во ред, тогаш во најмала рака управата им е должна на фановите и на јавноста да им објасни што се случува со Металург. Очигледно е дека ракометарите меѓу себе немаат проблем, но имаат проблем со управата на клубот.
Колкав е буџетот на Металург?
Во едно неодамнешно интервју на Јорданов за интернет порталот Екипа, Јорданов не открива колав е буџетот на Металург.
На листа на „Форбс“ објавена во февруари годинава за најбогатите луѓе во регионот се најдоа и петмина Македонци. Најимотниот бизнисмен во Македонија, според „Форбс“, е сопственикот на „Макстил“, „Бетон“, „Факом“ и на повеќе други фирми, Минчо Јорданов. Според магазинот, најбогатиот Македонец, Минчо Јорданов, тежи 27 милиони евра. Во „Макстил“, директно или преку други компании, тој контролира акции вредни 18,7 милиони евра. Неговите акции во „Факом” вредат 6 милиони евра, а во градежната компанија „Бетон” има удел со вредност од 2,4 милиона евра. Во 2012 година фирмите на Јорданов имале 50 милиони евра приходи, а 730.000 евра чист профит. Тој е сопственик и на винарската визба „Стоби“ во која досега има вложено над 20 милиони евра, на приватната клиника „Ремедика“ и на ракометниот клуб „Металург”.
Макстил се затвора - дали е ова проблемот и за Металург?
Компанијата „Макстил“ која се посочува како еден од најголемите загадувачи на воздухот, нема да стигнат да ги имплементираат потребните еколошки стандарди до крајниот рок што истекува на 30 октомври и да обезбедат А-интегрирана еколошка дозвола. Ова практично ќе значи клуч на врата за двата големи индустриски капацитети, бидејќи Министерството за животна средина нема намера повторно да им го продолжува рокот. Според првичните информации „Макстил“ самостојно ќе прекине со работа додека не ги имплементира потребните еколошки стандарди. Во меѓувреме, „Макстил“ заложи недвижен имот, опрема, произведени лимови, движен имот и новата опрема за заштита за животна средина што треба да ја купи со овој кредит. Компанијата ќе добие нов кредит од 24 милиони евра од Стопанска банка Скопје наменет за тековно работење, за покривање на доспеани и неплатени обврски и за инвестиции во животната средина.
Дали една од причините за финасиските проблеми со Металург се и овие дополнителни трошоци за компаниите сопственост на Јорданов? Своевремено јавноста шпекулираше и дека сопругата на Јорданов, која е одговорна за болницата Ремедика, наводно му забележувала на Јорданов наводно дека премногу пари се даваат за Металург, наместо за развој на болницата.
Малку биографија за РК Металург
Клубот е создаден во 1971 година, под покровителство на Скопската железарница. Првичната идеја била да се создаде ракометен клуб од самите вработени во фабриката. Така, идејата била прифатена и така бил основан РК „Металург“. Првиот натпревар, клубот го одиграл против РК "Пирин" и издвојувал победа од 22:14. Во 1974 година била формирана јуниорската екипа на „Металург“, под водство на Крешимир Пустина. Првото европско деби на „Металург“ било во 1993 година, кога настапил во Купот на градовите на ЕХФ, а противник му бил белгискиот "Херстел".
Успесите на РК Металург
РК „Металург“ освоил неколку шампионски титули во македонската ракометна супер лига, и тоа во сезоните: 2005/2006,2007/2008, 2009/2010, 2010/2011, 2011/2012, 2013/2014. Притоа, во периодот 2010-2012, клубот успеал трипати по ред да ја овои шампионската титула. Исто така, во неколку наврати, клубот го совоил купот на Македонија, и тоа во: 2006, 2009, 2010, 2011, и 2013 година.
РК Металург на европска сцена
РК "Металург" оствари значајни успеси и на меѓународната сцена. Во сезоната 2008/2009, РК "Металург" играше во четвртфиналето на Купот на победниците на куповите. Најголемиот успех на меѓународната сцена на РК „Металург“ се двата пласмана во четвртфиналето на Лигата на Шампионите, и тоа: во сезоните 2012/2013 и 2013/2014. Во сезоната 2011/2012, РК "Металург" беше вицешампион во регионалната СЕХА лига. Во следната сезона, клубот заврши на шестото место..
Ќе се спаси ли македонскиот ракометен шампион Металург од пропаст, ќе се знае за кратко време. Ракометарите и управата сега имаат пауза до ноември до мечот во Шпанија со Лариоха, а дотогаш веројатно и ракометарите и управата ќе најдат излез од агонијата во која западна Металург. Би било огромна штета, после толку успеси, сиот труд да потоне во заборав. Наместо крах, јавноста и фановите очекуваат од Металург еден чекор повеќе од лани, а тоа пласман во топ 4-те во Лигата на европските шампиони. Но...
Редакција Фактор
фото рк.металург
„Се треба да се менува. Вака не оди. Мора да се преземе одговорност. Сите мора да се ангажираме. Мора да се консолидираме. Ако сакаме нешто да направиме, мора нешто да менуваме. Се надевам наредната седмица ќе се средат проблемите во клубот и да свртиме нова страница“, изјави Мојсовски
А што точно се случува со македонскиот ракометен шампион, барем засега никој не објаснува. Според најавите разврска се очекува следната недела. Но, очигледно е дека финансиите се најголемиот проблем во клубот. Тоа уште пред почетокот на сезоната го навести стратегот на металурзите Лино Червар.
„Во Металург направив голема работа изминативе години, но прашање е како ќе изгледа тимот во новата сезона, кој се ќе си замине…Финансиите се голем проблем, којзнае како ќе се заврши. Мораме да бидеме подготвени на се“, изјавил во август стратегот на Металург Червар во интервју за хрватскиот медиум „24 Сата“.Се откажува ли Минчо Јорданов од Металург? Тимот кој минатата година обезбеди пласман во топ 8-те европски ракометни сили, кој лани го совлада и Вардар во дуелот за шампион во македонското првенство, сезонава е пред најголемото искушение – ќе опстане ли на европските патеки или и уште еден наш силен ракометен гигант ќе замине неславно во историјата. Изненадувачки е фактот што еден од најбогатите луѓе во Македонија па и во регионот, сопственикот на Металург, Минчо Јорданов наводно наеднаш одлучил да запре со финасирањето на ракометниот шампион. Јорданов кој скоро една деценија го создава клубот, оддеднаш да снема финансии. Металург е акционерско друштво, кадешто на почетокот на секоја нова сезона се прави план на работа, се усвојува буџетот и се утврдува тимот кој ќе настапува во наредниот период..
Станиќ замина, неговото отсуство беше повеќе од забележително на дуелот со Кил. Атман, Вугринец до пред две недели ги немаше во составот, Мојсовски јавно проговори дека проблемите во клубот мора да се решат, Миркуловски исто така и порача на јавноста да се стрпи за резултати оваа сезона, клубот мора ги реши проблемите. Кога практично најголемите ѕвезди во тимот и практично костури на екипата ќе проговорат дека нешто не е во ред, тогаш во најмала рака управата им е должна на фановите и на јавноста да им објасни што се случува со Металург. Очигледно е дека ракометарите меѓу себе немаат проблем, но имаат проблем со управата на клубот.
Колкав е буџетот на Металург?
Во едно неодамнешно интервју на Јорданов за интернет порталот Екипа, Јорданов не открива колав е буџетот на Металург.
„Ќе повторам дека кај нас не станува збор за тоа дека со зголемување на буџетот може да се направи уште поголем успех. Тоа би било прифаќање на оној „концепт на Франкенштајн“, со два пати поголем буџет и уште пет нови врвни ракометари од Германија, Франција и Шпанија, и влез меѓу првите четири тима во Европа. Не. Ние работиме спротивно, градиме нешто од најмалите генерации, па со тоа овозможивме и Македонија да има и кадетска и младинска репрезентација на меѓународната сцена по долга, долга пауза. Нивните успеси треба да не радуваат, а не формирањето на поголем буџет за доведување на играчи од странство. Само за споредба, кој тим триумфираше сезонава во ЛШ? Тоа не беше тимот со најголем буџет, туку оној што претставуваше најсилен колектив, што имаше голем број домашни играчи, кои гинеа буквално за секоја топка, чие срце беше поголемо од платите на скапите ѕвезди“, изјавил Јорданов.Јорданов еден од најбогатите во Македонија, но и во регионот А што се поседува Јорданов, како што многумина го нарекуваат “кралот на челикот“. Освен Макстил, „ФАКОМ“ и „КПОР“ се во сопственост на неговата фирма „РЕПРО ОНЕ ЛИМИТИД“. Кај „РЖ Интер трансшпед“ се појавува лично името на Минчо Јорданов, додека за „РЖ Економика“ фигурира „Макстил“. Следуваат и „РЖ Институт“, „РЖ Услуги“, и секако болницата „Ремедика“. Тој е сопственикот на весникот „Нова Македонија“. Но, тоа е најмалата алка во неговииот бизнис. Најголемите зделки со власта и со владините институции се јавуваат преку градежната фирма „Бетон“ каде Јорданов е директор, а гради поголем број од објектите од „Скопје 2014“. Медиумите повеќе пати објавија дека Владата има големи долгови кон фирмите од градежниот сектор што го работат на овој проект.

Слично