Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ракиќ: Немојте еден на друг да бидеме волци, немојте да бидете волци за нашите деца, српските деца

Ракиќ: Немојте еден на друг да бидеме волци, немојте да бидете волци за нашите деца, српските деца

Српска листа излегува од косовската Влада, а 10-те општини со мнозинско српско население во Косово на 20 април ќе ја формираат Заедницата на српски општини, изјави денеска претседателот на партијата Горан Ракиќ.

Тој вели дека одлуката била донесена по консултациите со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Ракиќ ги повика Србите да не учествуваат во косовската армија.

„Немојте еден на друг да бидеме волци, немојте да бидете волци за нашите деца, српските деца“, изјави Ракиќ по средбата со Вучиќ.

Претседателот Вучиќ, од своја страна рече дека Србија нема да дозволи нов "Флеш" или "Бура". Според српскиот претседател, сите оние кои учествувале во киднапирањето на Ѓуриќ, меѓу кои има и Срби, ќе одговараат пред српските судови. По разговорот на Вучиќ со рускиот претседател Владимир Путин, се огласи и Брисел и шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини со осуда за случувања и порака до властите на  Косово и на Србија, за дијалог и воздржаност и сериозност за да не дојде до ескалација на состојбата.



Слично

Поврзани вести