ФОТО+ВИДЕО: Ракети погодија рибарници во Анталија
Најмалку две ракети погодија рибарници во турскиот туристички регион Анталија.

Во инцидентот нема повредени. Турскиот весник „Хуриет" наведува дека непозната група борци гаѓала меѓу градот Анталија и одморалиштето Кемер на запад. На местото има испратени амбулантни и полициски автомобили.
Истовремено со тоа експлозив бил фрлен во камион со гас.
Според една од наводните верзии, цитирани од АФП, ракетите се насочени против танкер, укотвен во близина на местото на ударот. Сепак нема официјална информација за причините за инцидентот.
Анталија е еден од најпопуларните туристички дестинации во Турција, иако оваа година бројот на посетителите е намален поради низата терористички напади во земјата. Во исто време на Анталија се гледа како на најстабилните региони во земјата, иако има случаи на напади, за кои се обвинува Курдската работничка партија (ПКК).
صاروخ يضرب منتجع في #انطاليا #تركيا دون إصابات
— Aziz عزيز (@3zizL) October 14, 2016
Rockets hit #Turkey's #Antalya resort province, no casualties pic.twitter.com/aRKN5DNDlc
