Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАЈСКА ГРАДИНА ВО АЕРОДРОМ: Кој има желба да го гради паркот со барокни мотиви?

РАЈСКА ГРАДИНА ВО АЕРОДРОМ: Кој има желба да го гради паркот со барокни мотиви?

Статуи и скулптури со барокни мотиви ќе ја краст Рајската градина во скопски Аеродром која побудила интерес кај странски инвеститор.

Имено, голема унгарска државна компанијата пројавила желба да го изгради паркот во рамки на еконосмката соработка во најава на Македонија и Унгарија. За рајската градина во Аеродром станало збор на вчерашната средба меѓу министерот за економија Дритон Кучи и унгарскиот амбасадор во земјава Ласло Иштван Дукс.

Што ќе содржи Рајската градина

Според избраното идејно решение на фирмата „Архитектоника“ , која во проектот „Скопје 2014“ потпишува шест објекти меѓу кои се фасадата на Владата и на новите факултети кај УКИМ, станува збор за продолжување на архитектонскиот израз за кој во јавноста се прифати терминот „барок“.

Паркот ќе се гради со пари на Општина Аеродром, која предвидела дека цената на проектот ќе се движи околу 14 милиони евра, колку што е проценетата вредност на тендерот, и дека „Рајската градина“ треба да биде готова во рок од две години.

Во образложението на проектот се оценува како „нова туристичка атракција на која ќе позавидуваат многу метрополи“ и простор „за целодневна забава на фамилијата“.

fontanirajskipark

Во „Рајската градина“ ќе има четири типа фонтани. Првата е највисока и изнесува 13 метри, замислена како обелиск со женска фигура на врвот, додека другите три се пониски, со скулптура во центарот и околу самата фонтана.

Објектите во паркот се со богати декорации, а предвиден е и воден павилјон со неокласични столбови, како и летниковци кои потсетуваат на подзаборавениот летниковец на скопскиот плоштад.

Целиот парк ќе се протега на 15 хектари и ќе биде ограден со влезни капии и плоштади, две езера, мостови, пристаништа за педалини, остров за изнајмување, дел за шетање на миленичиња, живеалишта за пони, елени, зајаци, пауни и фазани, патеки за трчање, ролање и јавање коњи.

Слично

Поврзани вести