Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАЈАНЕР ОТПАЃА, „ВЛАДАТА НЕМА ДА ПРИФАТИ УЦЕНИ ЗА ПОВИСОКИ СУБВЕНЦИИ ЗА ЕДНА КОМПАНИЈА“: Летово нови авиолинии до пет дестинации

РАЈАНЕР ОТПАЃА, „ВЛАДАТА НЕМА ДА ПРИФАТИ УЦЕНИ ЗА ПОВИСОКИ СУБВЕНЦИИ ЗА ЕДНА КОМПАНИЈА“: Летово нови авиолинии до пет дестинации

Владата најави проширување на мрежата на авиолинии и воведување нови летови од скопскиот и охридскиот аеродром ова лето, и покрај неуспешните преговори со нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека ќе бидат отворени пет нови дестинации, нагласувајќи дека земјава бележи раст во авио-сообраќајот и покрај глобалните предизвици за индустријата.

„Даваме субвенција од 9 евра за секој странски патник на скопскиот аеродром и 12 евра за охридскиот. Вратата е отворена за сите компании кои сакаат да учествуваат, но нема да прифатиме уцени за повисоки субвенции само за една компанија“, истакна Николоски.

Новите летови вклучуваат:

  • Директна линија Виена–Охрид од Austrian Airlines.
  • Летови од Краков и Вроцлав кон Охрид во јуни.
  • Две нови летни дестинации од Скопје: Палермо на Сицилија и Алгеро на Сардинија.

Министерот посочи дека Македонија е единствената земја во регионот што отвора нови авиолинии во период на глобална авио-криза.

Дополнително, Wizz Air ќе стационира седми авион на скопскиот аеродром, со можност за база на охридскиот аеродром. Состојбата со резервите на керозин е стабилна и над законскиот минимум, а дел од регионалните аеродроми се снабдуваат токму од Македонија.


Слично

Поврзани вести