Рајевски поднесе оставка од директорска позиција во НЛБ Банка!
Љубе Рајевски долгогодишен директор во НЛБ Банка си поднесе оставка.
„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување:
На седницата на Надзорниот одбор на Банката одржана на 27.10.2017 година, нашиот долгогодишен член на Управниот одбор г-дин Љубе Рајевски, поднесе писмено барање за откажување на менаџерскиот договор исклучително од лични, а не професионални причини.
Г-дин Рајевски со полн ангажман и посветеност останува на фукцијата се до 31.12.2017 година“ стои во известувањето до Македонската берза од страна на НЛБ.
Рајевски важеше за еден од најблиските соработници на поранешниот прв човек на банката Ѓорѓи Јанчевски, но по смената на Јанчевски и поставувањето на Антонио Аргир, тој остана како еден од врвните директори.

