Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Рајанер“ ја откри причината за драмата со Србинот во авионот: Ова можеше да предизвика катастрофа

„Рајанер“ ја откри причината за драмата со Србинот во авионот: Ова можеше да предизвика катастрофа

Извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, зборуваше за прелиминарните наоди од истрагата, откако Љубиша Карановиќ речиси беше вовлечен низ скршен прозорец на „Рајанер“.

Според него, прелиминарните наоди од истрагата укажуваат на „оштетување од туѓ предмет“ (FOD), што значи дека моторот бил оштетен од предмет што не е дел од авионот.

Во пракса, тоа може да биде птица, камен или чакал од пистата, парче метал, алатка оставена на пистата, дел од друг авион или друг туѓ предмет.

„Првичните наоди укажуваат на оштетување на моторот предизвикано од туѓ предмет за време на полетувањето во Солун, но тоа засега не можеме со сигурност да го кажеме“, им рече Мајкл О’Лири на аналитичарите додека ги презентираше резултатите на „Рајанер“ за кварталот од април до јуни, пренесува „Ројтерс“.

Според него, засега нема индикации дека причина за несреќата е староста на авионот или пропусти во неговото одржување.  

Авионот бил стар 18 години, додека моторот бил целосно сервисиран и ремонтиран во последните две години.

Тој додаде дека нацрт-извештајот за инцидентот ќе биде објавен за околу 28 дена, по што ќе следи и подетален извештај.

Доколку оваа верзија се потврди, тоа би можело да ја намали одговорноста и на „Боинг“ и на „Рајанер“ за инцидентот, бидејќи инцидентот не би бил резултат на технички дефект или несоодветно одржување на авионот, додава британската агенција.

Порано овој месец, 61-годишниот српски државјанин Љубиша Каровиќ беше повреден во драматичен инцидент на летот FR1879 на „Рајанер“ од Солун до Меминген. 

Кратко по полетувањето на 10 јули, прозорецот на авионот Боинг 737-800 се одвоил, по што следел ненадеен пад на притисокот, а Каровиќ бил делумно вовлечен низ скршениот прозорец.

Неговата сопруга Светлана Грковиќ и неколку патници успеале да го држат и да го вратат во кабината, а повредениот Каровиќ бил хоспитализиран по инцидентот.

Б92

Слично

Поврзани вести