Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАЈАНЕР ЕМ ЌЕ ГИ ЗГОЛЕМИ ЦЕНИТЕ, ЕМ ЛЕТОВИТЕ ЌЕ ДОЦНАТ: Немаат доволно персонал

РАЈАНЕР ЕМ ЌЕ ГИ ЗГОЛЕМИ ЦЕНИТЕ, ЕМ ЛЕТОВИТЕ ЌЕ ДОЦНАТ: Немаат доволно персонал

Нискобуџетната авиокомпанија најави дека летово цените ќе бидат повисоки, но поради недостиг на кадар, постојано ќе има доцнења.

Според извршниот директор, Мајкл О’Лири цените на летовите ќе се зголемат ова лето поради големата побарувачка, особено откако се укинати сите антиковид мерки и непречено се патува.

-Туристите треба да се подготват за пораст на цените за „висок едноцифрен процент“ за време на шпицот на сезоната, бидејќи побарувачката за одмор во европските летни дестинации се опоравува благодарение на укинувањето на ограничувањата за патување поради пандемијата, изјави тој за радио Би-Би-Си.

Истовремено, О’Лири потенцираше дека недостигот на персонал во компанијата е голем проблем, заради што најверојатно ќе има постојани доцнења на аеродромите како што е лондонскиот Хитроу.

– Нема сомнеж дека поминувањето низ аеродромите ова лето ќе биде предизвик и ги охрабруваме сите наши клиенти да дојдат порано за да имаат повеќе време да ги поминат безбедносните мерки на аеродромот, особено во Манчестер, додаде тој.

Рајанер неодамна извести за намалени годишни основни загуби од 355 милиони евра и изрази надеж за враќање на „разумната профитабилност“ за време на тековната финансиска година.

ФОТО: EPA/STRINGER

Слично

Поврзани вести