Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рахој: Пред Шпанија е уште една тешка година

Рахој: Пред Шпанија е уште една тешка година

Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска предупреди дека Шпанија ја чека уште една „многу тешка“ година, но најави дека очекува подобрувањето на ситуацијата да следи во втората половина на 2013 година.

-Пред нас е уште една многу тешка година, особено во првата половина од годината, и потребно е да ги спроведеме реформите што ги почнавме. Економијата уште некое време ќе се наоѓа во рецесија, но се надевам дека во втората половина од следната година ќе почнат да се покажуваат знаци на напредок, рече Рахој во обраќањето до новинарите по последната седница на владата во оваа година, пренесуваат француските медиуми.

Неговата десничарка влада го одобри буџетот за 2013 година, со планирана заштеда од 39 милијарди евра, во рамки на настојувањата да се намали јавниот дефицит на три отсто од бруто домашниот производ до 2014 година, од минатогодишните 9,4 отсто.

Шпанската економија од средината на 2011 година бележи забавување, со раст на стапката на невработеност на 25 отсто, што е најголема стапка на невработеност од враќањето на земјата на патот на демократијата, по смртта на генералот Франсиско Франко во 1975 година.

Шпанскиот БДП во третиот квартал опадна за 0,3 отсто, покажуваат официјалните податоци, а владата за оваа година предвидува забавување од 1,5 отсто

Слично

Поврзани вести