Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАФИЗ АЛИТИ: Престрелка во кафеана, а не во партиските простории на ДУИ

РАФИЗ АЛИТИ: Престрелка во кафеана, а не во партиските простории на ДУИ
Престрелката во која беа повредени петмина членови на ДУИ се случила во кафеана во Сарај, а не на партиски состанок на Демократската унија за интеграција, тврди потрептседателот на Собранието Рафиз Алити. Тој беше споменат како човек чија група приврзаници била инволвирана во престрелката, наспроти групата на поранешниот министер за правда Блерим Беџети. Алити потврдува дека пукотницита избила меѓу активисти на ДУИ, но демантира дека причина за тоа биле несогласувањата меѓу него и Беџети. Напротив тврди дека со поранешниот министер за правда нема никаква нетрпеливост. „Синоќа не се одржа никаков состанок во Сарај. Инцидентот се случил во кафеана во Кондово. Јас не бев присутен и тоа нема врска со ДУИ. Повредените ги познавам, тие се членови и активисти на ДУИ, но не се дел на партискиот огранок во Сарај“, вели Алити. Сепак, според неофицијални информации, меѓу Алити и Беџети се води тесна трка за лидерската позиција во огранокот во Сарај. Беџети се уште не излегол со официјален коментар за инцидентот. По последните парламентарни избори, Блерим Беџети ја изгуби министерската позиција во правда, додека Рафиз Алити од директор на „Македонска пошта“ стана пратеник и потпретседател на Собранието.
Слично

Поврзани вести