РАФАЈЛОВСКИ: Државата спие за време на енергетска криза, сега ќе плаќаме скапа струја
Не сакам да верувам дека имаме толку неподготвени институции, а имаме огромен проблем, изјави утрово Горан Рафајловски, финасиски консултант и аналитичар при гостувањето во Утрински брифинг. Вели дека државата спие за време на енергетска криза, додека сите други змеји навреме ги обезбедиле сите потребни колични струја. Како пример ја наведе Италија. Вели дека е проблематизиран и увозот на јаглен.
„Утре е нов ден беше главната флоскула на оваа влада, а се однесувавме купи ден помини. Косово, да бидеме начисто нема да ни даде јаглен, а реално ние не извршивме ни редовно одржување на РЕК Битола. За ваквата ситуација оставката е најмалку што може да си поднесат тие луѓе кои стоеја зад оваа стратегија, вели Рафајловски.
Објаснува дека компаниите кои добавуваат струја биле убедени дека ќе обезбедат ниска цена на струјата. Тој вели дека одлуките сега треба да бидат многу рационални, а дека струјата сигурно ќе поскапи, па државата ќе мора да интервенира со високи суми од буџетот.
„Ние под итно треба да тргнеме со гасификација, не да спиеме. Тековната криза можеме да ја надминеме со набавка на скапа струја од Норвешка која единствено е достапна на пазарот, а понатаму ќе работиме да го поправиме РЕК да купиме нов багер, конечно да ги изградиме Чебрен и Галиште и на крајот потребни се храбри одлуки а нив може да ги донесат само луѓе што знаат, вели Рафајловски.