Економија, финансии, бизнис

Контакт

Радио Слободна Европа: Преговори, па решавање на името!

Радио Слободна Европа: Преговори, па решавање на името!
Европската комисија во извештајот за прогрес на Македонија кон евро-интеграциите, што ќе биде објавен денес, препорачува почеток на преговорите за членство во ЕУ, објави Радио Слободна Европа. Според дипломатски извори од Брисел, Комисијата смета дека преговорите треба да почнат, а проблемот со името со Грција да биде решен во раната фаза на пристапните преговори, што би било еден вид услов за натамошниот тек на преговорите. Европските дипломати сметаат дека со обврската прашањето за името да биде решено во раната фаза од преговорите, е јасно дека ова прашање е суштинско, односно Комисијата оценува дека спорот за името треба да биде решен без одлагање. Почетокот на преговорите со Македонија е неопходен за консолидирање на реформите во земјата, се наведува во извештајот на Комисијата, објави Радио Слободна Европа, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел. Почеток на пристапните преговори со ЕУ е од суштинско значење за македонската економија, бидејќи тоа ќе значи натамошно продлабочување на реформите под силен европски мониторинг.
Слично

Поврзани вести