Економија, финансии, бизнис

Контакт

Радев вели НЕ за членство на Украина во НАТО

Радев вели НЕ за членство на Украина во НАТО

Бугарија не го поддржа идното членство на Украина во НАТО. 

9 земји од Централна и Источна Европа со заедничка декларација го поддржаа идниот пристап на Украина во НАТО, но меѓу нив не се Унгарија и Бугарија.

Бугарскиот претседател Румен Радев, вели дека „воените дејствија на територијата на Украина денес бараат нејзиното членство во Алијансата да се дискутира во целосниот состав на Северноатлантскиот совет и да не доведе до ризик од директно вклучување на земјите од НАТО во војната.

„Одлуката за пристапување на Украина во НАТО треба да биде донесена само откако ќе се развијат јасни параметри за мирно решавање на конфликтот меѓу Русија и Украина, кои треба да бидат прифатени и имплементирани од двете завојувани земји“, изјавија од Претседателството.

По истрагата на „Дондуков 2“, тие прецизираа дека Бугарија ги поддржува другите позиции во документот – имено, непризнавањето на московската анексија на украинските територии и зајакнувањето на воената помош за Киев.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве побара членство на Украина во НАТО откако Русија анектираше четири украински региони. Тој се заблагодари на сите кои дадоа поддршка за идно членство на неговата земја во НАТО. 

Слично

Поврзани вести