Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАДЕВ МУ СООПШТИЛ НА ШТАЈНМАЕР ПО ТЕЛЕФОН: Бугарија очекува резултати во однос на почитувањето на човековите права од страна на С Македонија

РАДЕВ МУ СООПШТИЛ НА ШТАЈНМАЕР ПО ТЕЛЕФОН: Бугарија очекува резултати во однос на почитувањето на човековите права од страна на С Македонија

За време на пописот во Македонија имало притисок врз луѓето кои отворено го искажале нивниот бугарски идентитет. Вакви информации добил бугарскиот претседател Румен Радев кој во телефонски разговор му ги соопштил на неговиот германски колега, Франк Валтер Штајнмаер.

-Бугарија ги брани не само националните интереси, туку пред се вредностите на Европската унија, што се темелат на демократија и почитување на човековите права во својот дијалог со Северна Македонија. Бугарија очекува конкретни резултати во однос на почитувањето на човековите права кај нашиот југозападен сосед, што ќе ја забрза европската интеграција на Република Северна Македонија, рекол Радев.

Претседателот на Бугарија, при разговорот со германскиот шеф на државата Штајнмаер рекол и дека бројните декларации и ветувања дадени во текот на годините од страна на државниот врв на Северна Македонија кон Бугарија, остануваат неисполнети, вклучувајќи го и билатералниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година.


Слично

Поврзани вести