Економија, финансии, бизнис

Контакт

Радев ќе се види со Иванов па ќе го слави Денот на храброста во Ново Село

Радев ќе се види со Иванов па ќе го слави Денот на храброста во Ново Село

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов в недела (6 мај) во Дојран ќе оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев, кој ќе престојува во работна посета на Република Македонија, информираат од кабинетот на македонскиот претседател.

„Република Македонија и Република Бугарија имаат континуиран политички дијалог и одлични билатерални односи што ги карактеризира традиционално пријателство“, беше заедничката констатација на двајцата претседатели, за време на официјалната посета на претседателот Радев на Република Македонија во февруари годинава.

Бугарскиот претседател Радев на 6 мај ќе присуствува на комеморативна церемонија бугарскиот воен меморијал во Ново Село, Р.Македонија, како што лани тоа го направи неговиот претходник Росен Плевнелиев.

На 6 мај, 12-та година по ред Фондацијата Бугарска Памет организира заедничка прослава на празникот. Местото е бугарскиот воен меморијал во Ново Село, Струмичко, Р. Македонија.

Преземено во 2006 година со средства на фондацијата од напуштено воено гробиште, во последните години овој меморијал се посетува од илјадници, кои решиле да им оддадат почит на загинатите бугарски војници.

Претворен во традиција настанот за година по ред ќе ги собере на едно место децата од двете страни на границата.

Домаќин е лично Архиепископот Охридски и Македонски, Г.Г. Стефан На настанот ќе присуствуваат стотици граѓани, политичари и општественици од Бугарија и Македонија, како и воените аташеа на земји-членки на НАТО, Русија, Кина и др.

Нс ова место во штипско има паднато војници од 11-та Македонска дивизија, а вообичаено почит оддаваат гардисти од Националната гарда. 

Пред споменикот „Българиjо за тебе тие умреа“ на 71 бугарски војници кои загинаа во Балканската, Меѓусојузничката и Првата светска војна се чествува заеднички. Загинатите војници потекнуваат од сите области на денешна Бугарија и териториите на Стара Бугарија, одземени со Ноjскиот договор.

„Фондацијата Бугарска Памет организира родољубиви иницијативи со цел соодветно одбележување на значајни за историјата настани. Стремежот е да се даде добар пример за заедничката прослава во духот на добрососедските дијалог и солидарност меѓу Бугарија и Р. Македонија во перспективата на заедничката европска иднина“ истакнаа лани од организаторот




Слично

Поврзани вести