Економија, финансии, бизнис

Контакт

Радев: Ако Западен Балкан не влезе во ЕУ, тогаш таа нема да биде обединета ни стабилна!

Радев: Ако Западен Балкан не влезе во ЕУ, тогаш таа нема да биде обединета ни стабилна!

Претседателот на Бугарија Румен Радев одржа традиционален прием за претставници на дипломатските мисии во Бугарија и при таа прилика кажа дека таа земја цврсто го поддржува Западен Балкан.

„Доколку не го насочиме вниманието на Европа на овој регион, Европа не може да биде обединета, безбедна и стабилна. Повикот на Европската унија на земјите од Западен Балкан не е воопшто за расправа, но кога ја одржуваме оваа расправа треба да биде јасно дека оцената се заснова на индивидуални достигнувања на секоја земја“, рекол Радев.

Според неговите зборови, Бугарија би требало да иницира и води важни дебати со цел постигнување на консензуси и рационални одлуки во врска со многу важни прашања за ЕУ.

„Вредностите кои ги почитува се солидарност, политичко единство и безбедност. За Унијата е важно и намалување на ризици во економскиот развој и животниот стандард помеѓу Истокот и Западот, Северот и Југот“, заклучил Радев.

Слично

Поврзани вести