Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раде Шербеџија доби државјанство и половина милион евра од Македонија за да сними филм

Раде Шербеџија доби државјанство и половина милион евра од Македонија за да сними филм
Филмскиот фонд на Македонија му додели 500.000 евра на познатиот актер Раде Шербеџија за да сними филм за ослободувањето на Скопје. Филмот „Ослободување на Скопје“ е прв режисерски филмски проект на Шербеџија. Се работи за копродукција меѓу Македонија и Хрватска и веќе се отпочнати подготовките за негово снимање. Ќе се снима на повеќе локации, од кои најголемиот дел во Битола, а ќе биде завршен до 2015 година, објави Шербеџија, кој денеска и официјално си го подигна своето македонско државјанство. Познатиот актер државјанството го добива на негово барање, како уметник од национален интерес на Македонија во културата. „Ова мое македонско државјанство е некако природен пат, што се однесува до мене и до Македонија и тој менталитет. Цел живот ја сакам таа музика и направив многу адаптации на тие песни, цел живот се дружев со моите пријатели од Македонија и бев особено заразен со таа драма Ослободување на Скопје од Душан Јовановиќ“, рече Шербеџија, додавајќи дека многумина го препознаваат по неговата улога на повратникот Александар од „Пред дождот“. „Сакам да му го честитам државјанството кое што еве денес ќе го земе од Министерството за внатрешни работи, верувам дека Раде е наш голем и силен поддржувач на Македонија, љубовта кон Македонија насекаде ја шири насекаде низ светот, тоа може да се види и во голем број филмови каде што учествувал“, рече министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Слично

Поврзани вести