Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАДЕ КОНЧАР ТЕП СО ПОНУДА ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА АПАРАТНА ТЕХНИКА: Нудат солидна сума за акциите

РАДЕ КОНЧАР ТЕП СО ПОНУДА ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА АПАРАТНА ТЕХНИКА: Нудат солидна сума за акциите

Раководството на Раде Кончар-ТЕП е со намера да објави понуда за целосно преземање на Раде Кончар – Апаратна техника. Подготвени се да платат по 2.435 денари за акција.

„Согласно член 22 став 1 од Законот за преземање на акционерските друштва, ги известуваме сите акционери на Раде Кончар-Апаратна техника АД Скопје дека имаме намера да објаваме Понуда за преземање на целното друштво Раде Кончар-Апаратна техника АД Скопје по цена од 2.435 денари по акција“, пишува во објавата споделена преку Македонска берза.

Како што е наведено, понудата за преземање ќе биде објавена откако Комисијата за хартии од вредност ќе ја издаде потребната дозвола.

Последната купопродажна трансакција била реализирана на 9 јули, од кога датира и последната просечна цена од 2.500 денари за акција. Тогаш биле истргувани 79 акции со промет од 197.500 денари (3.211 евра)


Слично

Поврзани вести