Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАДЕ КОНЧАР АПАРАТНА ТЕХНИКА СО ПАД НА ПРОДАЖБАТА – ама тоа не ги спречи да остварат добивка

РАДЕ КОНЧАР АПАРАТНА ТЕХНИКА СО ПАД НА ПРОДАЖБАТА – ама тоа не ги спречи да остварат добивка

Пад на добивката забележа Раде Кончар Апаратна техника при годинешното работење, покажува нивниот последен биланс на успех. Согласно податоците кои ги објавија на Македонска берза за период од почетокот на годината до крајот на септември Раде Кончар оствариле добивка, но таа е помала отколку минатогодишната.

Бројките покажуваат дека минатата година во првите девет месеци компанијата успеала да оствари добивка од 34.705.000 денари или над 564 илјади евра. 

Додека годинава добивката достигнала до 21.766.000 денари или 353 илјади евра. 

-  Во период од 01.01.2025 до 30.09.2025 година, нема разлики во сметководствените политики помеѓу матичното друштво и друштвото кое влегува во консолидација. Акционерското друштво со ДДО Раде Кончар Заеднички дејности, според консолидираните финансиски извештаи во периодот од 01.01-30.09.2025 година оствари нето добивка од 21.766.000 денари. 

Во извештајниот период исплатена е дивиденда на акционерите од страна на акционерското друштво согласно одлука на Собрание на акционери. Во извештајниот период има вложување во материјални средства во ДОО Раде Кончар Заеднички дејности Скопје и тоа во градежни објекти 1.762.133 денари и во основни средства 16.558 денари – се појаснува во образложението на Раде Кончар АТ објавено на Македонска берза.

Објавениот извештај покажува дека приходите од продажба се намалени за 21 отсто од почетокт на оваа година споредено со истиот период минатата година. Од друга страна трошоците од работењето им пораснале за 76 отсто, додека пак трошоците за вработените се намалиле за 11 проценти.

-  Во извештајниот период АД Раде Кончар Апаратна техника не користеше кредити ниту имаше кредитни обврски, а ДОО Раде Кончар заеднички дејности има долгорочен кредит кој редовно го исплаќа. Во наредниот период се очекува добивката да се зголеми по основ на финансиски приходи од дивидената да се зголеми по основ на фнансиски приходи од дивиденда и капитална добивка од пласирани средства во хартии од вредност како и од извавање на деловен простор. Заложбата на друштвото е да се оплоди капиталот и да се зголеми финанискиот резултат – појаснуваат во изветшајот.

П.О.

Слично

Поврзани вести