Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работодавачите не се мотивирани да ги задржат работниците

Работодавачите не се мотивирани да ги задржат работниците

Алијансата за Албанците смета дека предвидените економски мерки на Владата од вториот пакет не ги мотивира работодавачите да ги задржат своите работници. Партијата во своето соопштение наведува :

„Отпишувањето на работниците ги присили да ја искористат четвртата мерка од истиот пакет, што е само адаптација на член 68 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, што сепак им овозможува на работниците да бидат обештетени во готовина од 50 % од просечната плата на работникот заснована врз последните 24 месеци од својата работа, во зависност од работното искуство што го има“, истакнуваат од Алијансата за Албанците

Ваквата мерка има многу негативни последиц, бидејќи престанокот на работниот однос го прекинува и нивното работно искуство, принудувајќи ги да користат право, кое нема да можат да го користат во нормални услови, предвидени со овој закон, како резултат на работното искуство што го имаат.

Токму затоа, партијата порачува да се интервенира во мерката 1 од вториот пакет така што ќе се прилагоди на потребите на бизнисот

– Бизнисите погодени од кризата, наместо 50%, да имаат можност 100% да ги субвенционираат придонесите за платите на работниците на ниво на минимална плата. Врз основа на бројот на вработени во активностите погодени од кризата, пред сè хотелите, туризмот и транспортот кој е 72. 743 вработени и придонеси од 107,6 евра пресметани во минимална плата, имаат потреба од 15,6 милиони евра за два месеца. Што значи дека ќе бидат додадени дополнителни 7,8 милиони евра на 7,8 милиони евра, што придонесува за задржување на работниците на работа.


Слично

Поврзани вести