Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работно место со плата од 9 000 евра и три месеци одмор, а никој не аплицира

Работно место со плата од 9 000 евра и три месеци одмор, а никој не аплицира

Рурален општ лекар нуди 115.000 eвра годишна плата, односно над 9.000 евра месечна, за да привлече болничар кој би му помагал со работата. Меѓутоа, по две години, работата сè уште останува празна.

Д-р Алан Кени е еден од сопствениците на медицинска ординација во градот Вајкато во северниот дел на Нов Зеланд, кадешто населението изнесува 13.600 жители. Лекарот вели дека има премногу работа и постојано е принуден да откажува одмори бидејќи не може да најде замена или помошник.

„Може да понудам навистина, навистина добра заработувачка: неверојатна е. Мојата работа експлодираше изминатата година и колку повеќе пациенти запишувате толку повеќе пари добивате. Но навистина е премногу на крајот на денот “- вели лекарот.

. Освен платата, Кени им нуди на кандидатите и три месеци одмор во годината, без ноќни смени или работа за викенди и половина од акциите од ординацијата со 6.000 пациенти.

Меѓутоа, и покрај дарежливите услови, тој немал среќа со апликациите во последните неколку месеци.

Властите велат дека поголемиот дел од руралните ординации се пополнети со странски дипломци по медицина. Просечната плата за еден рурален лекар изнесува од 150.000 до 280.000 долари годишно, а потребни се две-три години за пополнување на едно работно место.

Слично

Поврзани вести