Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАБОТНО ЛЕТО ЗА МИРНА ЗИМА! Кои наши три банки направија 49 милиони евра профит за 92 дена?

РАБОТНО ЛЕТО ЗА МИРНА ЗИМА! Кои наши три банки направија 49 милиони евра профит за 92 дена?

Во трите летни месеци (јули, август и септември) трите најголеми банки заедно направија 49 милиони евра профит за 92 календарски дена. Тоа е за 16,9 милиони евра односно 53% повеќе добивка од летото лани. Очигледно е дека синтагмата дека летото за мртва сезона за многу бизниси не важи за банките. Тие се исклучок од правилото затоа што кај нив секогаш е топ сезона!

Најголемите три деловни банки во земјава имаат одлични резултати годинава. А особено висок раст бележат нивните финансиски перформанси ова лето во споредба со истиот период лани. Генерално, акционерите на сите три најголеми банки можат и треба да бидат задоволни од развојот на настаните годинава. Затоа што менаџерите сериозно и посветено ја поставиле работата, а сите други ешалони на банките ефикасно ги остваруваат поставените цели.

Евидентни се силно изразени растови на добивките кога ќе се споредат третиот квартал годинава со периодот јули-септември 2022 година. Еве на пример, на квартално ниво, НЛБ банка годинава за периодот јули-септеври книжи раст на добивката за 52%!!!

Кај најголемата домашно поседувана банка, која воедно и најголема банка според активата, а тоа е „Комерцијална банка“ состојба е следна: кварталниот профит за најжешките месеци годинава е за 44% повисок во споредба со истиот период лани.

Кај „Стопанска банка Скопје“ најголемиот учесник на пазарот на кредитирање граѓанство односно дмаќинства, годинава во летните месеци добивката е 15,9 милиони евра или најдобри во конкуренијата 63%!

Како што веќе објавија во своите образложенија банките своите резултати ги темелат на исклучително позитивната и интензивна конјуктура на каматни стапки со особен аспект на драстичната разлика меѓу активните и пасивните каматни стапки на македонскиот банкарски пазар.

А доказ за тоа се евидентните разлики меѓу нето приходите од камати во летниот квартал годинава и лани кои се дадени во табелите подолу.

Р.Ф.

foto freepik.com/tetiana_tychynska


Слично

Поврзани вести