РАБОТНИЦИТЕ СТАНУВААТ РОБОВИ: Странски инвеститори даваат помалку плата од домашните!
Малкумина знаат, многумина се прашуваа, а реалноста е сурова: Колку плата земаат работниците вработени во странска компанија во ТИРЗ во земјава.
Неодамна Здружението на млади аналитичари и истражувачи организираше Конференција насловена како „Ефектот на странските директни инвестиции во технолошко-индустриските развојни зони врз македонската економија” и податоците на нивната анализа покажуваат дека странските инвеститори им даваат помалку плата на вработените отколку останатите домашни компании, со што во просек рабтниците во зоните имаат пониска плата од останатите вработени во земјава.
Просечната плата што е исплатена во компаниите на странските инвеститори е 16 143 денари за разлика од просечната нето плата исплатена во државата од 21 393 денари според Државниот завод за статистика.
Најмали плати земаат вработените од штипски Џонсон Контролс каде според анализатапросечната плата е под 200 евра, а со малку повисока плата се издвојуваат во Кромберг и Шуберт и во Дрекслмајер додека највисока плата е забележана во Џонсон Мети и во Вистеон Електроникс која е процената на околу 500 евра додека просечна плата на ниво на држава давале во Ван Хол, Продис, Кемет Електроникс и Витек .
Пред неколку дена платите на странските инвеститори беа главна тема на која власта и опозицијата имаа жестока дебата.
Од опозициската СДСМ посочија дека случајот со работниците кои стануваат робови на странските компании се зголемува, а Македонија станува земја со најлесна експлоатација каде граѓанте се принудени да прифаќаат ниски плати.
Министерот Ставрески пак, имаше спротивставен став, посочувајќи дека вработените во зоните биле позадоволни од 15 000, 18 000, 20 000 плата отколку да седат дома.
Целата конференција на погоренаведената тема може да ја проследите во видеото подолу:
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/hKx1oIODp4U[/embed]