Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работниците штрајкуваат, директорката ги обвини за уништување на „Леарница“

Работниците штрајкуваат, директорката ги обвини за уништување на „Леарница“
МЗТ Леарница му се спротистави на синдикатот кој со денови организира протести на вработените и ги обвини дека се обидуваат да ја уништат компанијата. Директорката Лидија Стојковска соопшти дека проблемот лежи во нереализирање на бизнис планот како и непочитување на многу професионални стандарди. Вистинската причина за штрајкот е сосема различна. Одборот на директори и менаџментот јасно им ставија до знаење на синдикатот и вработените дека времето на неодговорност, некомпетентност, уцени, манипулации е завршено, дека ќе дојде нов инвеститор кој ќе изврши строга селекција на сите вработени по сите основи и дека само оние што можат да ги исполнат строгите критериуми и ќе бидат во можност да ги исполнат плановите по обем, рок и квалитет, ќе можат и понатаму да работат во МЗТ Леарница АД Скопје. Значи главниот проблем е во ниското остварување на бизнис планот. learnica protesti - Праксата на неодговорност, уцена пред секоја испорака на стоката, неквалитет, доцнење на испораките, непочитување на наредбите, искористување на работното време од околу 50 проценти, намерното уништување и оштетување на постројките, крадење на производи, модели и резервни делови се ближеше пред својот крај. Ова исто така се однесува и на високите плати ( до 45.000,00 денари во производство), несоодветни за тој вид на работа и образование. Ваквата состојба досега се толерираше поради две причини: а) недостатокот на соодветен кадар и тешкотии за обезбедување на истиот (а и тој што ќе се обезбедеше беше приморан да замине под притисок од вработените) б) поради обврските кон купувачите и настанатите штети заради неиспорака на производите, која во најголем дел беше авансно платена. Со оглед дека МЗТ Леарница АД Скопје беше во преговори со сериозни стратешки партнери и се планираше транзицијата да се спроведе во летните месеци, како и да се поправи оштетената опрема, синдикатот на потполно незаконски начин, без одлука превзеде чекори кои не водат до никакво решение на нивните барања туку уништување на фирмата и шансите за нејзиното преструктурирање, соопштуваат од МЗТ Леарница. Ракводството најави и преземање на правни мерки против лицата кои ја довеле компанијата во тешка состојба. Вработените на протестите искажаа дека не им се префрлени дури 12 плати и бараат од државните институции да реагираат и да им помогнат во нивната борба за егзистенција.
Слично

Поврзани вести