Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работниците на „ЕМО“ и „Еурокомпозит“ на протест си ги побараа неисплатените плати

Работниците на „ЕМО“ и „Еурокомпозит“ на протест си ги побараа неисплатените плати
Барајќи си ги неисплатените плати и придонеси стотина вработени во државните загубари, охридски „ЕМО“ и прилепски „Еурокомпозит“ денес излегоа на протест пред Собранието и Владата на Република Македонија. Тие на надлежните им порачаа дека се во незавидна положба, на работ од егистенцијата и побараа да им бидат исплатени сите заостанати плати и придонеси. Во нивното барање тие посочија дека Владата треба и нив да ги опфати со последниот закон за стечај. Загубарот ЕМО од Охрид кој е во државна сопственост, доживеа неколку обиди за продажба, но заврши раситнето во неколку мали друштва кои не успеваат успешно да работат. Протестот беше поддржан и од синдикатите на двете фирми.
Слично

Поврзани вести