Работниците ја губат довербата во синдикатите
Битолчани едногласно се изјаснија дека во Македонија речиси и да не постои синдикат кој се залага за правата на работниците, објави ТВ Орбис.
Во јавувањата на гледачите во рубриката ,,Ало сакам да кажам”, сите говорници истакнаа дека нема синдикат кој ги брани нивните права, а и дека вравотените во приватниот сектор и стопанството биле обесправени за сметка на вработените во јавниот сектор.
Тие велат дека се обесправени во однос на платите, условите за работа и слободните денови, и посочуваат дека синдикатите треба да се борат за зголемување на правата и приходите слично како кај вравотените во јавниот сектор.
Двајцата кандидати за претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, во изјава за Орбис, објаснуваат како во иднина ќе се борат за подобри услови на вравотените во приватниот сектор, чиј најголем конкурент во однос на платата им е државата.
„Првата разноликост е што во општиот, односно колективниот договор кој се двои на колективен договор за јавен сектор и за стопнаски сектор, во едниот имате позиција регрес, а во јавниот сектор нема регрес кој постоел како право и се изгубил, што значи дека тоа е ситуација која не смее да ја дозволи ССМ“ рече Симон Силјановски, кандидат за претседател на ССМ.
„Следно што ќе правиме е апсолутното синдикално организирање на сите оние претпријатија кои не се синдикално организирани, зголемување на платите во таквите претпријатија и секако елиминирање на постоењето на нееднаквост помеѓу луѓето и помеѓу работниците“ рече актуелниот претседател на ССМ, Живко Митревски.
Инаку, вчера група синдикални здруженија од различни сектори побараа повлекување на законите во администрацијата, со кои се бара од вработените во јавниот сектор сертификати за познавање странски јазик, кој ќе им важи две години и сами ќе си го плаќаат. Синдикалците најавија и протест, доколку трите измени во законот, не бидат повлечени.
Слично
