Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работници се жалат на условите за работа- колку од нив се во право?

Работници се жалат на условите за работа- колку од нив се во право?

Околу 96% од луѓето кои пријавуваат анонимно проблеми на работа се во право.

Ова го потврдуваат од одделението за студиско - аналитички работи во Инспекторатот за труд во Србија.

Министерството за труд има канцеларија за брзи одговори каде работниците можат да се обратат и праксата покажала дека 96% од пријавите се оправдани.

Работниците се жалеле на мобинг, неисплатени надоместоци, лоши услови за работа во погоните каде е топло и слично.

По сите овие пријави инспекторатот излегува на терен и врши контроли. Од почетокот на оваа година на црно се затекнати како работат 8.730 луѓе.

По инспекцискиот надзор договори за работа се случени со 7.086 работници.

Слично

Поврзани вести