Работните групи на партиите и денеска ќе преговараат за излез ор кризата
Работните групи на партиите потписнички на договорот од Пржино попладне ќе продолжат со преговори.
Вчера се преговараше пет часа, но договор не беше постигнат. И денеска ќе се преговара за реформите во медиумите и за прочистувањето на избирачкиот список, како услов за организирање на фер избори. Се очекува и на денешното продолжение на разговорите да присуствуваат амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли. Американскиот амбасадор, Џес Бејли вчера рече дека средбата била конструктивна и дека не е разочаран затоа што нема договор.
„Не сум разочаран што денеска не е постигнат договор затоа што за тоа понекогаш е потребно подолго време. Јас сум оптимист“ - кажа Бејли.
Мал напредок имало вчера околу избирачкиот список. Ако денеска се постигне договор, ќе следува лидерска средба или вечерва или утре на која ќе се договара датумот за избори и составот на техничката влада која ќе функционира сто дена пред изборите.
