Работниот век во ЕУ е подолг, но за колку?
Времетраењето на работниот век во Европската унија во 2015 година бил 35,4 години, што е за 1,9 години повеќе во однос на 2005 година.
Ова го покажуваат податоците објавени денеска од Еуростат.
За разгледуваниот 10-годишен период работниот век се зголемил со побрзо темпо кај жените (32,8 години во 2015 година во однос на 30,2 години во 2005 година или +2,6 години), отколку кај мажите (37,9 години во 2015 година во однос на 36,7 години во 2005 година или +1,2 години).
Меѓу земјите членки просечниот работен век е најдолг во Шведска - 41,2 години, потоа следи Холандија (39,9 години) и Данска (39,2 години), а најкраток е во Италија - 30,7 години, потоа се Бугарија (32,1 години) и Грција (32,3 години).
Помеѓу 2005 и 2015 година очекуваното времетраење на работниот живот е зголемено во сите земји од ЕУ, но со различен степен - најмногу во Малта (+5,1 години) и најмалку во Данска.
