Работниците во Белгија ќе работат четири дена во неделата
Белгија дозволува четиридневната работна недела поради пандемијата.
Премиерот Александар Де Кро објасни дека пандемијата на коронавирус ги принудила луѓето да работат во пофлексибилни услови и да го комбинираат приватниот и деловниот живот. Работниците кои ќе го побараат тоа ќе можат да работат и до 10 часа дневно доколку синдикатите се согласат, наместо максимум осум како досега, да работат еден ден помалку неделно за иста плата. Ќе можат да изберат дали ќе работат повеќе во една недела, а помалку во следната. Работникот не мора да му биде достапен на работодавачот по истекот на работното време. Тоа ќе го овозможат компании со повеќе од 20 работници.
Ваков модел на работа применуваат повеќе земји во светот, но не поради пандемијата, туку да се види каков ефект ќе даде работната недела од четири дена и дали работниците ќе бидат попродуктивни. Овој модел се спроведуваше како експеримент.
